Унгарскиот камионџија кој со камионот тргна да ги прегази мигрантите во француското пристаниште Кале, а потоа снимката ја објави на Јутјуб- доби отказ.
Петер Грац, неговиот австриски работодавач го отпуштил без објаснување, соопшти возачот преку Фејсбук.
Унгарските и светските медиуми ги преплави снимката од 26 ноември на која се гледа како возачот неколку пати управува кон мигрантите кои се на работ од коловозот извикувајќи притоа „Ќе ве прегазам, дојдете, штетници“.Возасчот, по име Једи, потоа за унгарски медиум посочил дека не му било цел да ги изгази, туку да спречи да не му се качат на камионот.
Сега Једи се соочува и со кривична пријава од полицијата, но преку ноќ во родната Унгарија стана јунак. Според британскиот весник Гардијан, веќе има 18.000 лајкови и поддршка од, како се наведува, членовите на крајната десница кои му порачуваат „биди национален херој, згазни на гас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра