| четврток, 6 декември 2018 |

Се уште трае драмата во Висконсин; Двајца напаѓачи уапсени (видео)

AmerikaОткако непознат маж се затвори во продавница во градот Нина во Висконсин, САД, каде држи неколкумина заложници, медиумите јавуваат дека двајца од напаѓачите излегле од внатре и по разговор со полицијата се приведени.

Според локалните медиуми две лица се примени во болница од кои едниот се претпоставува дека е полицаец.

Ова е втора заложничка драма во САД за помалку од две недели. Минатата среда 14 лица бвеа убиени, а 17 ранети при напад врз центар за лица со пречки во развој во градот Сан Бернандино во Калифорнија. нЗа тој напад одговорност презеде Исламската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top