Во првиот натпревар од 15.коло во Серија А лигата во Италија, Јувентус успеа да слави на „Олимпико“ во Рим против Лацио со 2-0. Со оваа победа актуелниот шампион успеа да врзе пет победи по ред и да заличи на тимот кој беше неприкосновен во минатите сезони иако имаше лош старт оваа година.
Со новите три бода „старата дама“ се искачи на петтото место само четири бода помалку од лидерот Наполи.
Јувентус доминираше во текот на целиот натпревар, а резултатот беше отворен во седмата минута кога домашниот играч Џентиле си постигна автогол по додавањето на Паоло Дибала. Ѕвездата на „црно-белите“ во 32 минута, постигна гол кој беше вистинско ремек дело од повеќе од 20 метри, на додавање на Марио Маџукиќ.
Триумфот е уште поголем бидејќи е извојуван без помошта на Погба, во чие отсуство одлична работа во средниот ред заврши Алекс Сандро.
Paolo Dybala voley GOAL Lazio 0-2 Juventus… by footballgoalslive
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)