
Државната изборна комисија на денешното продолжение на седницата отфрли приговори за пет избирачки места за гласањето во општина Центар поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Приговорите, главно, се однесуваа на нарушување на тајноста на гласањето и агитирање, како и за евидентирање лични податоци на гласачите од страна на овластените претставници на политичките партии.
Денешната седница почна со еден час задоцнување, а по паузата членовите на Комисијата ќе продолжат со разгледување на останатите 61 приговор од ВМРО-ДПМНЕ за Центар и 17, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, за Струга.
Потоа треба да се разгледаат 252 приговори за гласањето во 15 општини поднесени од СДСМ и од коалицијата.
Досега ДИК нема прифатено ниту еден приговор за гласањето во вториот круг. Отфрлени се сите приговори за Куманово поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, од НДП, ДУИ и од ДПА.
Рокот на Управниот суд за решавање по евентуалните одлуки на ДИК завршува во сабота, во 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


