| четврток, 6 декември 2018 |

Дувњак му останува верен на Кил до 2020 година

Најдобриот германски ракометен тим Кил се договори со хрватскиот репрезентативец Домагој Дувњак за продолжување на договорот на уште три години, односно до 2020 година. Тој имаше важечки договор со Кил до крајот на сезоната во 2017 година, но тој прифати предвреме продолжување на договорот и ќе ја носи „четворката“ уште пет години.

– Кил беше мојот прв избор. И приватно и спортски се чувствувам многу удобно во Кил. Имаме голем тим и сон на секој ракометар е да почувствува таква фантастична поддршка на домашен терен како што има овде во Кил. Ќе дадам се од себе како дел од овој фантастичен тим да придонесам да имаме уште многу успеси и титули во иднина – изјави Домагој Дувњак по потпишувањето на новиот договор.

Од 2014 година, хрватскиот бек има одиграно 83 натпревари на кои има постигнато 338 голови за Кил. Минатата сезона Дувњак со Кил ја освои шампионската титула во Бундес лигата, а претходно со ХСВ Хамбург беше шампион на Германија и ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Домагој Дувњак нема да биде во составот на Кил на претстојниот меч со Веспрем во Лигата на шампионите, поради суспензијата од ЕХФ за директниот црвен картон што го заработе на претходниот меч со Целје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top