| четврток, 6 декември 2018 |

„Тепачка“ меѓу Барселона, Веспрем и Кил за Арон Палмарсон

Средниот бек во тимот на Веспрем, Арон Палмарсон, има понуда за трансфер во Барселона за која се уште размислува. Исландскиот репрезентативец најави дека не се чувствува „удобно“ во Веспрем и ќе го напушти унгарскиот првак по истекот на договорот во 2018 година, а може да замине и порано доколку клубовите постигнат договор.

Освен понудата од Барселона, за Палмарсон е заинтересиран и Кил кој сака да го врати Исланѓанецот во своите редови. Палмарсон во 2015 година од Кил дојде во Веспрем. Но, сега во Кил сакаат да го вратат исландскиот бек во своите редови за што наводно се подготвени да платат обесштетување од 3 милиони евра, но од Веспрем не се заинтересирани за таа опција. Доколку сепак се реализира, тоа би бил најскапиот трансфер во историјата на ракометот.

Палмарсон со Веспрем славеше против Барселона во мечот за третото место на годинашниот Фајналфор од Лигата на шампионите во Келн. Исланѓанецот уште во Келн најави дека планира промена на средината, но дека конечната одлука ќе ја донесе за време на одморот по завршувањето на сезоната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top