Македонскиот интернационалец Марио Ѓуровски кој подолго време игра во тајландскиот шампионат за тимот на Муангтонг јунајтед со прекрасен гол од слободен удар го одведе својот тим во финалето на Купот на оваа држава. Ѓуровски беше стрелец на вториот гол за Муангтонг во победата од 2-1 против Арми јунајтед во полуфиналето, и тоа на прекрасен начин директно од слободен удар, по што на 26. декември го очекува финалната пресметка со Бурирам јунајтед.
Final… 26.12.2015 pic.twitter.com/QJWdKCmjfT
— มารีโอ ยูรอฟสกี้ #20 (@MarioDjurovski) December 3, 2015
Марио Ѓуровски досега на 28 натпревари во тајландскиот шампионат има постигнато и 16 погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)