| четврток, 6 декември 2018 |

Вејд расположен за игра, Оклахома испушти шанса за победа (видео)

dvejn vejd

Синоќа во НБА лигата беа на програмата шест натпревари. Најинтересно беше во Мајами каде домашната екипа славеше над Оклахома во дербито со 97-95.
Најзаслужен за победата на „жешките“ беше еден од најдобрите играчи во лигата, Двејн Вејд кој потсети на старите добри времиња кога беше незапирлив. Тој постигна 28 поени вклучувајќи ги и двете слободни фрлања на 1,5 секудни до крајот. Оклахома имаше шут за победа, но Расел Вестбрук не успеа да реализира тројка.
Мечот изобилуваше со одлични потези а имаше 11 изедначувања и дури 38 промени во водството на двата тима.
Ударниот тандем на Оклахома Вестбрук – Дурант постигна 50 поени, по 25 за двајцата, но и тоа не беше доволно за победа.
Кај Мајами солидна партија одиграа и Крис Бош со 16 и Зоран Драгич со 14 поени.

Сан Антонио дојде до лесна победа во дербито на западната конференција на гостувањето кај Мемфис од 103-83. Кави Леонард со 28 поени ги предводеше Спарс до триумфот, кој имаше фантастичен ефект за три поени погодувајќи седум од девет обиди. Тони Паркер постигна 17 поени, Ламаркус Олдриџ 18, додека Ману Џинобили натпреварот го заврши со 13 поени. Кај Мемфис, тројца играчи Мајк Конли, Марк Гасол и Марио Чалмерс постигнаа по 15 поени.

НБА резултати:
Мајами – Оклахома 97-95, Торонто – Денвер 105-106, Јута – Орландо 94-103, Мемфис – Сан Антонио 83-103, Портланд – Индијана 123-111, Сакраменто – Бостон 97-114.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top