| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Нема да наведнеме глава пред руските санкции

davutoglu-nqma-da-preklonim-glava-pred-ruskite-sankcii-342533

Нема да наведнеме глава пред руските санкции, рече турскиот премиер Ахмет Давутоглу, пренесоа агенциите.
Шефот на кабинетот во Анкара е во посета на Азербејџан.
Тој одржа говор пред студентите и наставниците во дипломатската академија во Баку.
– Тие што мислат дека ние ќе се исплашиме заради економските ограничувања, длабоко се лажат – беше категоричен тој.
Поради соборувањето на рускиот Су-24, извршено од турската армија на 24 ноември 2015 година, Москва наметна ограничувања на трговијата со Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top