| четврток, 6 декември 2018 |

Азербеџански одред на ИД ја напушти Сирија и се врати да војува во Нагорно Карабах

Азербејџански одред на “Исламска држава”, со околу стотина лица, ја напушти Сирија и се врати во земјата за да војува во Нагорно Карабах.

Ова со соопшти 3mv.ru,повикувајќи се на воен извор. Патот на радикалните исламисти поминувал низ Турција, посочува медиумот.

Самонапуштањето на Азербејџанците предизвикала страшен скандал меѓу терористите во сириската провинција Рака. Азерите биле наречени дезертери. Исламистите се однесуваат крајно негативно кон секое прекршување на дисциплината. Особено по последните успеси на провладините сили на Сирија.
Ова не е прво дезертерстго на Азерите. Тие веќе беа обвинети од страна на останатите исламисти за предавство. Пример за тоа стана јавната егзекуција која се случи во јануари 2015 година кога теренскиот командант Сирадж Азер беше фатен и обвинет за шпионажа.

За времето на воените дејствија во Сирија загинале околу сто граѓани на Азербејџан. Ова се официјалните бројки, цитираатмедиумите. Всушност оваа бројка може да биде многу поголема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top