Пастелна сина боја и пастелна розова, тоа се боите на следната 2016 година, според Институтот за боите „Пантон“.
Првпат во историјата на компанијата се избираат две бои, соопштија светските медиуми.
Пастелно синото личи на бебешко сина, како и пастелно розова, која, исто така, е нијанса од светлиот спектар на бои.
Кога се комбинираат, двете бои го одразуваат глобалниот тренд за полова неутралност, според „Пантон“.
Според потпретседателот на институтот Лори Пресман, розовата носи сочувство и спокојство, а пастелно синото, внатрешен мир. Овие нешта недостигаат во нашиот живот денес, смета таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.