| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвездите облекоа розово за „Лореал“

Познатиот француски козметички бренд „Лореал“ исклучително внимание посветува на своите рекламни кампањи, и честопати во „еден кадар” успева да ги собере најактуелните ѕвезди во шоу бизнисот. Новата кампања е обоена во розово, со исклучок на единствениот џентлмен помеѓу сите дами, Џон Леџенд облечен во класичнен костум. Дамите кои му прават друштво облечени во елегантни фустани во розови нијанси се: Блејк Лајвли, Доуцен Кроз, Ева Лонгорија, Фан Бингбинг, Џулијан Мур, Карли Клос, Наоми Вотс и Лејла Бекти.

Кампањата е посветена на линијата Color Riche која вклучува кармини во повеќе нијанси на розово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top