НБА тимот на Филаделфија го суспендираше својот руки играч Џалил Окафор со два меча неиграње, поради учество во тепачка во Бостон.
Најдобриот играч на Филаделфија во досегашниот дел од сезоната, минатата недела пред ноќен клуб удрил еден човек кој го провоцирал по 16-от едноподруго пораз на тимот.
– Иако сме разочарани од неговиот однос, веруваме во него како важен член на тимот. Ќе направиме се како би успеал и на теренот, и надвор од него – се вели во соопштението на тимот.
Окафор во својата руки сезона просечно бележи 17,2 поени со 8,1 скока по натпревар, а сега ќе ги пропушти мечевите со Њујорк и со Денвер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)