| четврток, 6 декември 2018 |

ИД обезглави Русин: „Путин, нема да имате мир, ќе ви ги уништиме домовите“

Исламската држава објави нова снимка на која се гледа како обезглавува Русин, што претставува директна закана за рускиот претседател Владимир Путин, пренесуваат светските медиуми.

id-obezglavuva-rusin1-640x376

На видеото се гледа како немаскиран маж му се обраќа директно на Путин и го предупредува дека Русија не е безбедна.

Жртвата се претставува како 23-годишен Маргомед Касијев и, наводно, откако Путин ги нападна терористите, тој бил обезглавен.

-Нема да имате мир за секој наш син кој го убивте овде. За сите нив ќе ви ги уништиме домовите – гласи пораката во видеото.

id-obezglavuva-rusin-640x375

„Си-Ен-Ен“ пренесува дека ова видео е порака за рускиот претседател Владимир Путин, и, секако, за граѓаните на неговата земја.

Автентичноста на снимката не е потврдена. Но, тоа што за прв пат ИД го направи, е што егзекуторот го покажа своето лице, додека во претходните егзекуции тоа не беше случај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top