| четврток, 6 декември 2018 |

Магично, магично, Манасков игра фантастично

Македонскиот машки ракометен првак Вардар беше убедлив против вицепрвакот Струмица со 42-27 во меч од регионалната СЕХА конуренција.

manaskov-so-17-gola-go-predvodeshe-vardar-do-triumf-nad-maks-strumica-3392_0

Крилото Дејан Манасков постигна невројатни 17 гола и го изедначи рекордот на Антл од екипата на Татран,  забележан токму на дуел со нашиот вицепрвак.

Зад Манасков, на листата  стрелци кај Вардар  се запишаа по шест пати Циндриќ и Душебаев, Лацковиќ заврши со пет, а Стоилов и Шишкарев поделија по три погодоци.

Со седмата победа сезонава, Вардар е на 3.место  на  табелата зад Татран и Загреб. Струмица со деветтиот пораз остана на последното место со само 2.бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top