| четврток, 6 декември 2018 |

Владата исплатила 25 милиони евра за субвенции за тутун

Вкупно 25 милиони евра се исплатени за субвенции за тутун на 29 илјади земјоделци.

– Очекувам и откупот кој претстои за годинашната реколта успешно да се спроведе – изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по обиколката на манастирскиот комплекс „Свети Архангел Михаил“ во Варош, Прилеп.

– Ние вчера извршивме една промена на Законот, Парламентот ја усвои. Очекувам деновиве да започне откупот и апелирам до откупувачите да внимаваат за цените, да бидат реални и согласно квалитетот и вложениот труд на тутунопроизводителите. Државата тоа внимателно ќе го следи. Во однос на субвенциите очекуваме околу 22 до 23 милиони евра да се слеат за тутунопроизводителите. Минатата година имавме околу 25 милиони евра субвенции за 29 илјади тутунари, така што очекуваме и оваа година работите да одат во таа насока, рече премиерот.

Тој нагласи дека Владата внимателно ќе го следи процесот и инспекциските органи будно ќе ги следат откупувачите дали соодветно ќе го вреднуваат трудот на земјоделците и квалитетот што го постигнале.

– Прилеп е град и регион каде што имаме најголем процент на тутунопроизводители. Знам дека тоа им е многу важно, а затоа е важно и за нас, истакна премиерот Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top