Безбедносните сили на Камерун убија околу сто борци на нигериската исламистичка група Боко харам и ослободија 900 заложници за време на тридневната операција во северниот дел од земјата.
Во соопштението на камерунското Министерство за одбрана се наведува дека „специјалната операција за чистење“ била спроведена во периодот од 26 до 28 ноември против борците на Боко харам во северниот дел на земјата, која граничи со Нигерија.
Во текот на операцијата, запленети се знамиња на Исламска држава и „неутрализирани се преку 100 џихадисти“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.