| четврток, 6 декември 2018 |

Ем му го украле тракторот ем платил за да му го најдат

Traktor

Земјоделец од Битолско бил ограбен двапати. Првиот кога му го украле тракторот, а вториот пат од негов познаник, кој ветил дека за околу 500 евра ќе го најде, по што го исклучил мобилниот телефон.

СВР Битола поднесе кривична пријава за А.Д.(38) од Битола за кривично дело измама.

Во текот на февруари 2013 година, пријавениот со лажно прикажување факти го довел во заблуда Т.Н. дека ќе му го пронајде тракторот што претходно му бил одземен од страна на непознати лица, а за услугата Т.Н. му дал 440 евра и 4.000 денари. Откако пријавениот ги зел паричните средства, го исклучил мобилниот телефон и ги прекинал контактите со Т.Н., без да го исполни даденото ветување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top