Земјоделец од Битолско бил ограбен двапати. Првиот кога му го украле тракторот, а вториот пат од негов познаник, кој ветил дека за околу 500 евра ќе го најде, по што го исклучил мобилниот телефон.
СВР Битола поднесе кривична пријава за А.Д.(38) од Битола за кривично дело измама.
Во текот на февруари 2013 година, пријавениот со лажно прикажување факти го довел во заблуда Т.Н. дека ќе му го пронајде тракторот што претходно му бил одземен од страна на непознати лица, а за услугата Т.Н. му дал 440 евра и 4.000 денари. Откако пријавениот ги зел паричните средства, го исклучил мобилниот телефон и ги прекинал контактите со Т.Н., без да го исполни даденото ветување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Голф“ удри во трактор кај Неготино – едно лице итно пренесено на скопските клиники
-
Трактор во кој имало четири деца тргнал сам по удолнина, едно дете (10) загина на место
-
Падна уште еден функционер на СДСМ во Прилеп: Присвоил над 8 милиони денари
-
Лажен доктор му понудил помош и му зел пари – Скопјанец остана без 12.000 денари