Знаете ли дека се плаќаат по 30.000 долари за да се има ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд?
Секоја година околу 24 личности добиваат своја ѕвезда на Булеварот на славните. Тие се избираат од Стопанската комора на Холивуд, но прво мора да бидат номинирани од некого. Ова може да биде новинар или многу богат обожавател.
Ако соодветната славна личност биде избрана и прифатена, тој што ја предложил треба да плати 30.000 долари.
Според Стопанската комора на Холивуд, половина од износот оди за изработката на ѕвездата, а другата половина за одржување.
Некои од најпознатите личности во светот немаат свои ѕвезди. Меѓу нив се Џулија Робертс, Клинт Иствуд, Дензел Вашингтон и Ал Пачино.
До крајот на овој месец своја ѕвезда на Булеварот на славните ќе добијат, актерот Роб Лоу и режисерот и продуцент Рон Хауард.
Првиот човек што добива своја ѕвезда на патеката е филмскиот режисер и продуцент Стенли Крамер, а тоа се случи во март 1960 година.
Булеварот на славните е со должина малку повеќе од 2 км, а основниот дел е на булеварот Холивуд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензација во Белград: Црвена Ѕвезда го совлада големиот Ливерпул (Видео)
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Откако беа прегазени баба и внуче, општина Аеродром ќе бара ново сообраќајно решение за булевар „Србија“
-
По „Кери“ и „Скарфејс“, Брајан де Палма ќе снима хорор филм по приказната на Харви Вајнштајн