| четврток, 6 декември 2018 |

Филаделфија го пречека Коби како свој, ветеранот на Лејкерс го одигра последниот меч во родниот град (видео)

kobi brajant

Коби Брајант со ЛА Лејкерс за последен пат во кариерата одигра меч во родниот град Филаделфија. Клубот, кој токму против Лејкерс во синоќешниот дуел ја прекина црната серија од 18 порази во низа од почетокот на сезоната и вкупно 28 ако се земат предвид и последните 10 од минатата, ѝ приреди несекојдневен дочек на легендата, која најави повлекување од кошарката на крајот од сезоната.
Филадефија го претстави Коби како да бил нивна голема ѕвезда од минатото, а сите присутни во салата тоа го прифатија сосема нормално гледајќи го специјалното видео направено токму за него.
Никогаш не заигра за „76-ките“, меѓутоа синоќа изгледаше дека Коби Брајант е еден од нив. Домаќините на мечот меѓу Филаделфија и ЛА Лејкерс го пречекаа како да е младото момче од гимназијата „Лоуер Мерион“, кое пред 19 години беше претставено в НБА-лигата пред очите на јавноста.

– Ти засекогаш ќе бидеш детето од Филаделфија. Кога си замина одовде зеде и дел од нас, нашата гордост, страста, истрајноста.Потоа се врати и беше ривал на нашиот тим. Но ти засекогаш ќе останеш детето од Филаделфија. Ние те знаевме пред да те дознае светот – е извадок од поемата подготвена за Коби, која одеше како нарација на видеото посветено на него. На свеченоста беше присутен и легендарниот Доктор Џеј, легендата на Филаделфија 76, Брајант доби врамен дрес од своите средношколски денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top