Екипата на Милан во синоќешниот натпревар од Купот на Италија се изнамачи против Кротоне и мораше да игра дополнителни 30 минути за да дојде до победата од 3-1.
Во регуларниот дел од мечот избраниците на Синиша Михајловиќ одигра само 1-1. Српскиот стратег се одлучи за комбиниран состав во овој натпревар кој не вроди со плод по 90 минути па мораше да реагира со внесување во игра на првотимците.
Иако „росонерите“ први поведоа со голот на Луиз Адриано во 47.минута, Кротоне израмни преку Будимир во 68.минута по една одлична соло акција за на крај со силен удар го совлада Абиати.
Во продолженијата Бонавентура со одличен гол од слободен удар на истекот на првото породлжение му носи предност на Милан од 2-1, а победата ја завери Нианг во 115.минута.
Со оваа победа поранешниот европски шампион си закажа меч во осминафиналето против Сампдорија која ја победи во Серија А со 4-1 овој викенд.
Во останатите две средби од Купот, Торино славеше убедливо со 4-1 над Чезена, а Специја рутински ја победи Салернитана со 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)