| четврток, 6 декември 2018 |

Марина Мијакоска е добитник на наградата „Бели мугри“

Наградата „Бели мугри“ за книга од млад автор до 35-годишна возраст ја доби Марина Мијаковска за поетскиот ракопис „Постела на тишината“.

Наградата „Бели мугри“ годинава по седми пат ја додели Домот на култура „Кочо Рацин“-Скопје. Одлуката за избор ја донесе жири во состав: Бранко Цветкоски (претседател), Џабир Ахмети и Јованка Христовска (членови). Книгата ќе биде промовирана на 22 декември во рамки на традиционалната манифестација „Денови“, која установата ја организира во чест на раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top