ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДСМ да ја узурпира и укинува слободата на медиумите и да дејствува спротивно на сите европски стандарди и конвенции за слобода на изразување и слобода на информирање, велат од владејачката партија.
Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Немањето основен демократски и плуралистички капацитет е проблем само на Зоран Заев и СДСМ и срамот од ваквото дејствување ќе го сносат само тие.
Нема да дозволиме граѓаните на Република Македонија кои имаат слобода на информирање, како и сите медиуми во Македонија кои имаат слобода на говор да бидат жртви на тоталитарната идеологија на СДСМ и фашистичките закони кои сакаат да ги воведат во Македонија.
СДСМ сака во пракса да ги спроведе зборовите на Заев: „Живи луѓе ќе јадеме“. Денес ова ветување го потврди и Заев, ставајќи ги и медиумите на списокот на луѓе кои ќе ги јаде, заедно со сите останати луѓе, организации и институции со кои се скараа во последниот период.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи тоа да се случи.
Ги повикуваме уште еднаш СДСМ и Заев да престанат со заканите кон медиумите и со обидите да ја укинат слободата на говор како што си ја замислува Заев.
Оваа невидена дрскост и деструктивност го покажува елементарното непознавање на Зоран Заев во доменот на медиумите и човековите права и слободи.
Заев и СДСМ под итно треба да ги повторат основните лекции за демократија и човекови права. Фашистичкиот предлог на Закон за медиуми кој е произлезен од тоталитарниот ум на Зоран Заев кој денес го виде целата јавност нема да го види светлото на денот.
Заев вели дека медиумите биле непријатели на СДСМ и затоа партијата требала да се пресмета со нив. Му порачуваме на Зоран Заев дека се наоѓа во погрешно време, во погрешна држава и во погрешна реалност.
Нема да дозволиме фашизам во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


