| четврток, 6 декември 2018 |

Албанија и Косово заеднички ќе се борат против тероризмот

alb kosovoМинистрите за одбрана на Албанија и Косово во вторникот во Приштина  изјавија дека заеднички ќе можат подобро да се борат против тероризмот.

Министрите за одбрана на Албанија Мими Кодели и Косово Хаки Демоли изјавија дека  борбата против тероризмот во регионот мора да биде ефикасна. И двајцата рекоа дека пресметката со тероризмот  мора да се случи со цел народот и државите да бидат безбедни.

Албанската министерка за одбрана Мими Кодели, е прва официјална личност која побара од опозицијата на Косово да не се спротивставува на онаа што е договорено во Брисел околу договорот за српската заедница и границата со Црна Гора.

Таа додаде дека „опозицијата на Косово не треба да го превзема примерот на опозицијата во Албанија“ обвинувајќи ја истата за делување надвор од интересите на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top