Весникот „Дневник“ објавува дека олеснувачот од Белгија Питер Ванхауте отворено коментирал дека македонскиот менталитет не бил на нивото на европскиот искажувајќи на овој начин навреда кон сите Македонци и ставајќи ги во подредена позиција.
Тој исто така тврдел дека токму поради тоа што Македонците не биле како Европејците, не може да се препише решение од некоја европска држава. На ова се надоврзува и крајно некоректно и потценувачко однесување на Белгиецот Ванхауте кој многу често знаел со потценувачка за Македонците и надредена позиција да наложува решенија, но и во исто време да дели навреди и закани.
Па така тој често и повишувал тоналитет и се обидувал со приземни навреди од типот “не тресете глупости” како и зборовите “stop bulshitting” што на македонски преведено би значело “не сер**е” да изврши притисок.
На ваквото негово неколкутурно, недипломатско однесување имало и соодветна, но разумна и културна реакција од страна на луѓето кои се вклучени во разговорите, а единствено на тоа поќутувале преговарачите на СДСМ и луѓето блики до нив.
Веројатно тие на тој начин сакаат да ја добијат наклонетоста на Белгиецот дури трпејќи такви брутални и потценувачки навреди. „Дневник“ исто така пренесува дека предлогот на СДСМ за медиумите е со цел да биде одбиен, а на крајот Белгиецот да понуди комприомисно решение кое во Агенцијата за медиуми и во МРТВ ќе обозможи да се инсталираат кадрите на Срос и од таканаречениот невладин сектор, финансиран од странство и СДСМ.
Она што е познато е дека СДСМ понуди решенија со кој практично се сака да се изврши целосна узурпација на регулаторите на медиумскиот простор и нивна безмилосдна партизација, наспроти предлозите од ВМРО-ДПМНЕ да се применат европските позитивни искуства на земјите од Европската унија и да се работи според тие професионални стандарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Првпат во историјата дневникот на ХРТ доцнеше три часа поради дочекот на фудбалерите!
-
Атанасовски за „Дневник“: Најавените даночни мерки на СДСМ се дилетантизам
-
„Дневник“: Христијаните да се протераат, а земјата да ја земат Албанците
-
Сеќавањата на распадот на федеративна Југославија се премногу свежи за некој да ја турка Македонија во федерализација