| четврток, 6 декември 2018 |

Руди Гарсија пред отказ, четири тренери се спомнуваат за негови наследници

rudi garsija

Италијанскиот гигант Рома се соочува со големи резутатски проблеми. По катастрофалниот пораз од Барселона во Лигата на шампионите, „римската волчица“ загуби и на домашен терен против Аталанта во рамките од Серија А лигата.
Пред овој натпревар францускиот тренер Руди Гарсија доби ултиматум од управата на клубот, со евентуални четири победи во низа да си го спаси тренерското место. Меѓутоа тој се сопна уште на првиот на „Олимпико“ и прашање на време е кога ќе му биде врачен отказ.
Според информациите од Италија, управата на клубот веќе направила листа од тренери кои би можеле да седнат на столчето на овој тим. Карло Анчелоти, Валтер Мацари, Чезаре Прандели и Лучијано Спалети се имињата кои конкурираат за тренерското место во тимот од Рим и со кои ќе биде разговарано штом биде прекината соработката со Гарсија.

Анчелоти беше член на Рома како играч, додека пак Лучијано Спалети беше на тренерското столче од 2005 до 2009 година и освои вкупно три титули со овој клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top