| четврток, 6 декември 2018 |

Наполи е нов лидер, само среќата го спаси од реми (видео)

SSC Napoli vs Internazionale Milano

Синоќа во Неапол се одигра последниот натпревар од 14.коло во Серија А лигата. Дербито меѓу Наполи и Интер одлучуваше за врвот на табелата, а тоа домаќините го искористија максимално. Сепак победата од 2-1 беше со голема доза на среќа бидејќи избраниците на Роберто Манчини иако со играч помалку пропуштија голема шанса да го израмнат резултатот во самиот финиш од мечот.
Наполитанците поведоа рано по само една минута помината од мечот, кога аргентискиот напаѓач Гонзало Игуаин ја затресе мрежата на Хандановиќ.
Дополнителен проблем за Интер беше црвениот картон пред самиот крај на првото полувреме кој го заработи Нагатомо.
Игуаин како многупати досега покажа дека е врвен стрелец бидејќи и во втората шанса која ја имаше за гол во вчерашниот натпревар успеа да ја затресе мрежата. Тоа се случи во 62.минута и се чинеше дека наптреварот е решен. Тоа не го мислеа и играчите на Интер кои иако со играч помалку го намалија резултатот на 2-1 по само пет минути од примениот гол. Стрелец беше Адем Љајиќ.


Napoli vs Inter Milan 2-1 All Goals and… by footballTV

Во послените 15 минути од мечот Интер можеше и да го измрани резултатот, но среќата им го заврте грбот. Ударите на Јоветиќ и Миранда завршија во дирекот. Со новите три бода Наполи се искачи на врвот на табелата со 31 бод, еден повеќе од Интер и два од Фиорентина која пропушти шанса за врвот на табелата во вчерашниот натпревар на гостински терен против Сасуоло одигрувајќи само 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top