| четврток, 6 декември 2018 |

Силно невреме го погоди Хамбург

Bayd6y1IMAAFi74

Делови од најголемиот пристаништен град во северна Германија, Хамбург, денеска беа поплавени, а полицијата и противпожарните екипи ги расчистуваат затворените патишта во регионот од паднатите дрвја и од остатоците по бурата, која се случи рано утринава, пренесоа агенциите, повикувајќи се на локалните власти.
Рибниот пазар во квартот Санкт Паули во градот е под 2,8 метри вода, соопшти полициски портпарол. Синоптичарите ја предвидоа бурата и можноста од поплави и ги предупредија сопствениците на автомобили да ги изнесат своите автомобили од опасните области.
Тоа очигледно имало ефект, бидејќи спасувачките екипи не добиле повици за помош.
Во друг северен германски град, Бремен, околу 1.300 бегалци, за поголема безбедност, биле преместени во училиштата.

Властите истакнуваат дека штетите се незначителни, покрај паднатите дрвја, искршените улични знаци и паднатите делови од покриви.

Еден регионален воз удрил во паднато дрво, но нема повредени.
Метеоролозите регистрирале брзина на ветрот од 133 километри на час на крајбрежните германски острови во Северното Море.
Од Германија бурата продолжила кон Шведска и кон Данска. Во Шведска се пријавени 40.000 домаќинства останати без струја. Клучните мостови на патиштата во Данска беа затворени, вклучувајќи го и најголемиот прекуморски мост што ги поврзува Копенхаген со шведскиот град Малме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top