| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов разговараше со Меркел за бегалската криза и за безбедносните предизвици

merkel.jpg-500

Претседателот Ѓорге Иванов денеска на маргините на климатскиот самит во Париз имаше средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

Соговорниците размениле мислења за актуелната мигрантска криза, безбедносните предизвици и состоjбата со европската интегр‎ациjа на Македониja.

Канцеларката Меркел го брифирала претседателот Иванов за исходот од вчерашниот самит ЕУ-Турциja.

Претседателот Иванов, од своја страна, ja запознал канцеларката Меркел со мерките што Македониja ги презема за соочување со ситуациjата и посебно укажа на фактот што сѐ уште нема ништо од ветената европска помош за македонските институции.

Воедно, Иванов укажал дека Македониja инсистира на мисиja на Фронтекс на jужната граница, а обрнал внимание и на недостатокот од директна комуникациja меѓу македонските и грчките институции, на секое потребно ниво.

Македонскиот претседател нагласил дека е нужно Македониja конечно да започне со преговори и акцентирал дека кризата jacно укажува дека земjите од Западниот Балкан требаше одамна целосно да бидат интегрирани во ЕУ.

На средбата, како што информираа од кабинетот на Иванов, е заклучено дека Македониja и Германиja имаат исти интереси во однос на мигрантската и на бегалската криза, како и дека и натаму треба да продолжи и да се продлабочи интензивната комуникациja и размена на информации меѓу двете земjи, посебно во однос на актуелната бегалска криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top