Изградбата на новиот „Лунапарк“ во Скопје ќе почне в година и ќе се одвива во фази. Предвидено е новиот „Лунапарк“ да се изгради за две години, односно до 2018 година. Според предлог-одлуката за изградба на забавен парк (лунапарк), за која советниците на Град Скопје ќе расправаат на закажаната седница следната недела, предвидено за реализација на проектот да се набават следните реквизити: адреналински реквизити – две парчиња, семејни реквизити – шест парчиња, детски реквизити – 18 парчиња.
Новиот „Лунапарк“ ќе се гради на локацијата на стариот забавен парк, на површина од 84.040 квадратни метри. Првично беше предвидена површина од 26.563 м2, со можност површината на локацијата на постоечкиот забавен парк да се зголеми до 40.000 м2.
Носител на инвестицијата за изградба на „Лунапаркот“ е Град Скопје, а прите за изградба, набавка и монтажа на реквизитите ќе се обезбедат од Буџетот на Град Скопје. За следната година од градската каса за реализација на овој проект се планирани 3.845.528 евра.
Според проектот, предвидено е во новиот Луна парк да има и административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со европските стандарди за безбедност, објекти за служење храна и пијалаци, дел за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг-простор, соодветна техничка инфраструктура, тематизација на паркот. Од Градот посочуваат дека со инвестицијата се очекува да се генерираат зголемени приходи од работењето на забавниот парк, кој ќе има капацитет на годишна посетеност од 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години. Дополнително Советот на Град Скопје со посебна одлука ќе го уреди управувањето со објектите и опремата (реквизитите) во Забавниот парк.
Предвидено е лунапаркот да има ,,луда железница“ и адреналински столб. За децата ќе има летачки рингишпил и балон-замок. Во „Лунапаркот“ ќе има и кино, водни тобогани, автодром и летачки рингишпил. Предвидено е да се изгради и набљудувачка кула покрај ресторанот во паркот од каде што ќе се гледа целиот парк и зоолошката градина, а, исто така, ќе биде подигнат и воз на столбови, кој ќе се движи низ целиот парк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ексклузивно видео: Вака ќе изгледа новиот луна-парк (видео)
-
Се демонтираат вртелешките што вртеа 40 години: Започнаа градежни активности за новиот луна-парк
-
Нема да се уништува зеленило – Луна паркот во Скопје ќе се гради на постојната површина!
-
Атракцијата „слободен пад“ во новиот забавен парк во Скопје