| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „Од колекциите на Скопје“ почнува утре во Музеј на Град Скопје

„ОД КОЛЕКЦИИТЕ НА СКОПЈЕ – Изложба на уметнички дела  во сопственост на Град Скопје, културните установи и јавните претпријатија“  што ќе се оддржи на 1 декември 2015 година (вторник) во 20.00 часот  во Сала 1 и 2 во ЈУ Музеј на град Скопје.

ОД КОЛЕКЦИИТЕ  НА СКОПЈЕ“  претставува селекција на  одбрани дела коишто се сопственост на Градот  Скопје,  на  јавните   установи од областа на културата, како и на јавните претпријатија основани од Градот  Скопје. Сочинета е од уметнички слики изработени во повеќе техники, скулптури, графики и цртежи  на  автори кои живееле и твореле во Македонија.

На изложбата ќе бидат  презентирани 142  дела кои потекнуваат од  уметничките збирки  кои се сопственост на  Град Скопје, ЈП Комунална хигиена-Скопје, ЈП Водовод и  канализација-Скопје, ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“, ЈУ Културно информативен центар,  ЈУ  Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ и секако ЈУ Музеј на град Скопје.

Поголемиот дел од делата кои ја сочинуваат оваа изложба  припаѓаат на  на автори кои се основоположници  на македонската современа уметност, како и автори припадници на постарата  генерација на ликовни уметници од Македонија, а следствено на тоа  нивните  дела  како такви поседуваат  и историска и уметничка вредност. Еден од основните мотиви за организирање на една ваква, комплексна и хетерогена, поставка е токму идејата  да  се  претстават  пред македонската јавност, вредните уметнички дела кои секојдневно можат да се видат во работните простории на Градот Скопје, јавните претпријатија,   но и во работните простории и депоата на  културните   установи на Градот  Скопје.

Селекцијата на делата е направена од страна на работна група формирана од градоначалникот на Град Скопје.

Изложбата се организира под покровителство на Градоначалникот  на Град Скопје, г-дин Коце Трајановски, а реализатор на изложбата е ЈУ Музеј на град Скопје.

Изложбата ќе биде поставена до 15 декември, а за неа е одпечатен и репрезентативен каталог.

Ве покануваме да ја погледате изложбата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top