Државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2015 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија годинава во областа на воспитанието и на образованието им се додели на: проф. д-р Горан Ајдински, дефектолог, проф. д-р Ратомир Гроздановски, теолог, библист и филолог; во областа на културата и на уметноста наградата им е доделена на: Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист, во областа на здравството наградата ѝ е доделена на доц. д-р Сци Аспазија Софијанова, педијатар.
Наградата на добитниците ќе биде врачена на 8 декември 2015 година (вторник) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.