| четврток, 6 декември 2018 |

Филип Талевски се најде во изборот за најдобар гол во ЛШ (видео)

filip talevski

 

Македонскиот репрезентативец и ракометар на Металург, Филип Талевски влезе во изборот на најдобри пет голови во изминатото деветто коло во Лигата на шампионите. Тој на натпреварот против Скјерн во Скопје постигна гол кој се најде на петтото место на листата на ЕХФ.  Најубавиот гол оди зад името на Дмитри Житников од Висла Плок.

Најубавите погодоци од 9. коло во Лигата на ракометните шампиони може да ги погледнете ТУКА.

Во категоријата за најдобри пет одбрани, не се најде ниту еден голман на македонските тимови, Вардар и Металург што беше вообичаено до сега. Посебно се истакна голманот на Вардар, Страхиња Милиќ кој против Кјелце успеа да фати 14 топки. Најдобрите одбрани може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top