| четврток, 6 декември 2018 |

Снимен е филм кој никој нема да може да го погледне во следните сто години (видео)

Актерот Џон Малкович и режисерот Роберт Родригез снимиле филм кој никој нема да може да го погледнете во наредните сто години.

maxresdefault

Филмот се наоѓа во временска  капсула која ќе биде отворена на 18 ноември 2115 година. Филмот, кој го носи името „Сто години“ е всушност реклама за француски коњак „луј осумнаесетти“, на кој му е  потребен еден век да созрее.

Според пишувањето на магазинот „Варајети“, за филмот речиси ништо не се знае, освен дека е полн емоции. Објавени се инсерти кои всушност ништо не откриваат за дејството во филмот, туку прикажуваат сцени со различни толкувања на иднината.

-Имаше неколку опции за тоа како ќе изгледа иднината кога прв пат беше претставен проектот  – кажал Малкович и додал:„ Неверојатна хај тек слика на светот која е далеку пред компјутерите, постверзија на Чернобил, со враќање кон  природата во полутрошната цивилизација и ретроиднина како поглед на иднината онака како што беше замислувана во научно-фантастичните дела од 1940 и 1950 година – објаснил славниот актер.

Компанијата „Реми Мартен“ која го произведува коњакот „луј осумнаесетти“ ќе подели  илјада метални карти кои на потомците на оние што ги добиле ќе им овозможат да го видат овој филм за 100 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top