Актуелниот италијански шампион, Јувентус полека но сигурно се враќа на победничките патеки од минатата сезона. По лошиот старт и неколкуте лоши резултати, избраниците на Алегри влегуваат во низа победи, а вечерва славеа на Сицилија против Палермо од 3-0. Тоа беше седма победа по ред против домаќинот и се чини им „лежи“ овој противник.
До головите се чекаше во второто полувреме кога најпрвин Марио Манџукиќ во 54 минута го отвори резултатот кој повторно се најде на вистинското место и со прецизен удар со глава го матираше голманот Сорентино. На вториот гол се чекаше до самиот финиш кога Стураро биеше сигурно на додавање на Погба, додека конечните 0-3 беа дело на Заза, со што „старата дама“ се искачи на петтото место на табелата.
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски влезе во игра на дваесетина минути до крајот на местото на Џилардино, но не успеа да влезе во ниту една шанса за да го загрози голот на Џиџи Буфон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)