| четврток, 6 декември 2018 |

Шифрин победи на првиот слалом оваа сезона со рекордна разлика над конкурентките

Американската скијачка Микаела Шифрин е победничка на првиот слалом во новата сезона во скијање. Таа на домашен терен во Аспен со вкупно време на двете трки од 1:39.81 минути славеше победа и за првпат во една трка во алпско скијање од светскиот куп второпласираната скијачка, Вероника Велез Зузулова од Словачка, доцнеше повеќе од три секунди, или поточно 3.07 секунди зад победничката. Третото место го освои Швеѓанката Фирда Хансдотер.
Денеска се вози и втората слаломска трка оваа сезона истотака на патеката во Аспен. Всушност тоа е замена за откажаната прва трка во Леви, Финска каде имаше недостиг на снег на 16 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top