| четврток, 6 декември 2018 |

Браќата Мареј со победа ја одведоа Велика Британија до предност во Дејвис купот

Велика Британија поведе со 2-1 во финалето на Дејвис купот откако во третиот меч оној во двојки, браќата Енди и Џејми Мареј ја донесоа својата земја до предност откако славеа против белгиската двојка Дарсис и Гофан со 3-1 (6-4, 4-6, 6-3, 6-2) во сетови.
Британците го добија првиот сет со 6-4, но Белгија одговори со добра игра во вториот сет и израмнување на 1-1. Сепак, тоа беше се што домаќините успеаја да сторат, бидејќи браќата Мареј доминираа во преостанатиот дел од мечот, добивајќи ги следните два сета со 6-3, 6-2 за заслужена победа.

Доколку триумфира на еден од утрешните два сингл-меча, Велика Британија ќе дојде до својот прв трофеј во Дејвис-купот по 1936 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top