Шпанската полиција денеска во Барселона и Гранолерс уапси двајца мажи и една жена, под сомнеж дека регрутирале борци за џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Како што соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандес Дијас, полициската акција почнала изутринава, кога во еден стан во Барселона полицајците упасиле двајца мажи на возраст од 32 и 42 години, по потекло од Мароко.
Во исто време во Грандолерес, на околку 30 километри од Барселона, полицајците уаспиле една 24годишна девојка, која ја следеле веќе неколку дена.
Денешните апсења доаѓаат на 23 дена пред паралментарните избори во Шпанија.
Од почетокот на годината шпанската полиција уапси 68 лица, осомничени за поврзаност со ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)