Чилеанскиот репрезентативец Артуро Видал, ова лето направи трансфер во редовите на Баерн Минхен од европскиот вицешампион Јувентус, и веднаш по само неколку месеци ја искажува лојаноста кон баварскиот гигант.
Тој истакна дека Баерн е многу подобар, во секој аспект, од Јувентус во чии редови настапуваше до оваа сезона.
– Баерн е многу помоќен како клуб од Јувентус. Тимот е многу посилен со најдобрите светски фудбалери, а клубот е извонредно организиран. Не може да се каже дека Јувентус е слаб тим, но постои разлика – вели Видал за германските медиуми.
„Кинг Артуро“ дополнува и дека во Минхен се чувствува далеку подобро, отколку во Италија. Видал мина четири сезони во Јувентус, одигрувајќи 171 натпревар и постигнувајќи 48 гола. Изминатово лето пристигна во редовите на Баерн Минхен за околу 40 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.