Македонија е прва земја која започна да ги користи кредитните линии на Кина, а со тие средства во моментов се градат два автопати во државата. Ова го изјави премиерот Никола Груевски во интервјуто за најтиражниот азиски весник „Чајна дејли“.
Груевски додаде дека посетата во Кина ја гледа како добра шанса и двете земји да ги засилат односите, но и да понуди повеќе идеи и конкретни проекти кои ќе резултираат со обостран позитивен развој на настаните.
– Ние сме првата земја која отпочна да ги користи кредитните линии на Кина одредени за источните европски држави. Во моментов градиме два автопати во Македонија со поддршка од кинеската Ексим банка. Ова е позитивно искуство за нас, процедурите беа релативно брзи и се работи ефикасно. Во моментов се гради еден автопат во источниот дел на земјата, а еден во западниот дел. Има можности за многу нови проекти во иднината. Во минатото во Македонија се изгради една хидро централа, пред 5-6 години, што исто така беше позитивен пример на соработка. Ние имавме подготвени проекти и први од источна Европа потпишавме договор за да отпочнат проектите. Пред две години почнавме со подготовките, а пред една година со градење, рече Груевски.
Премиерот подвлече дека е воочливо оти комуникацијата и соработката со Кина, може да се одвива ефикасно, со проекти кои не се само празни зборови, кои никогаш не се реализираат, туку се нешто конкретно и од моментот на постигнувањето на договорот, реализацијата на проектот почнува бргу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тодоров: Банката на Советот на Европа го следи секој чекор за изградбата на новиот Клинички центар
-
Се реконструира автопатот Неготино – Демир Капија, инвестицијата вреди пет милиони евра
-
Градежните работи за изградба на автопатите се одвиваат со планираната динамика и согласно предвидените рокови
-
Сообраќајот се одвива без забрани, во прекин е само патниот правец преку Јасен