| четврток, 6 декември 2018 |

Градежните работи за изградба на автопатите се одвиваат со планираната динамика и согласно предвидените рокови

 

Градежните работи за изградба на автопатите се одвиваат со планираната динамика и согласно предвидените рокови, истакна денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, на собраниската седница посветена на пратенички прашања.

– Динамиката на автопатиштата во Македонија е добра. Самата бројка на градежни работници и механизација и работењето на терен може да се забележи со око и да се види дека Македонија е претворена во огромно градилиште, рече Мисајловски.

Тој додаде дека постојано се работи на автопатот од Кичево до Охрид каде на терен се ангажирани над 1.200 работници, додека за автопатот од Требеништа до Струга рече дека следната година треба да почне тендерската постапка за избор на изведувач.

– Проценета вредност е околу 45 милиони евра. Се работи со поддршка од меѓународните финансиски интитуции. Очекуваме дека во првиот квартал ќе започнеме со потребната постапка и ќе ги распишеме тендерите согласно меѓународните правила и ќе избереме компанија која ќе ја изгради оваа автопатска делница. Станува збор за нова траса од Требеништа до Струга, истакна Мисајловски.

Попладневниот дел од седницата ќе продолжи по редовната едночасовна пауза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top