| четврток, 6 декември 2018 |

Есен е, време на сезонска депресија

депре

Ова се, всушност, симптоми на сезонско афективно растројство – нарушување на расположението, кое личи на депресија, но е сезонско, обично се појавува на есен, а се повлекува на пролет.

10 вообичаени симптоми на сезонското афективно растројство:

1. Депресивно расположение речиси секој ден

2. Губење на интересот за работи што порано ви биле интересни или пријатни

3. Промени во спиењето – главно премногу спиење

4. Малку енергија и летаргичност (рамнодушност)

5. Проблеми со концентрацијата и фокусот

6. Анксиозност, иритираност или тешкотии при соочување со стресот

7. Неподготвеност за работа со други лица и желба да се биде сам

8. Намалено либидо и сексуална желба

9. Желба за сончева светлина

10. Желба за храна богата за јаглени хидрати (што резултира со зголемување на тежината)

Ако сметате дека е можно да страдате од оваа сезонска депресија, консултирајте се со стручни лица. Покрај тоа, постојат неколку работи кои може да ги направите за да ги намалите симптомите – излегувајте надвор на сончеви денови, поминувајте повеќе време на отворено, имајте постојан распоред на спиење, одете на одмор (зимување), балансирајте ја исхраната и доколку сметате дека ви се потребни лекови (антидепресанти) консултирајте се со вашиот доктор или психијатар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top