Договорот од Пржино, како наметнато решение за политичката ситуација во земјата /креирана од опозицијата/, покрај многуте антиуставни предлози и решенија, предвидува и оставка на Премиерот на државата сто дена пред парламентарните избори; да се “оневозможела политичка и партиска злоупотреба на државните ресурси во предизборни цели”. Ваквата одредба, оценета како “единствено системско и трајно решение” произлезено од политичките преговори, треба да важи при сите парламентарни избори во државата, во иднина…
Со политички договор, надвор од уставот и законите на Република Македонија, инкорпорирани се невообичаени правила во политичкиот живот и функционирањето на државата. Експериментално. Владата – принудена на отстапки, народот, несреќен поради тоа што ѝ се случува на земјата. Но, доаѓа 24 април (2016); ќе каже што мисли за случувањата кои доведоа до грубото кршење на уставот и законите на државата и наметнаа вонредни /парламентарни/ избори…
Во целата /политичка/ ситуација, само опозицијата е задоволна. Тесното раководство на СДСМ. Се инфилтрира во власта на нелегитимен начин, преку уцена на сопствениот народ. Не верувам дека се задоволни и среќни опозициски настроените личности со сериозен професионален и политички капацитет, особено, по последните случувања околу одредени наименувања… секако, поради рушењето на угледот на целата партија, преку, често непромислените, контроверзни, штетни изјави и постапки на лидерството на нивната политичка опција… да не зборуваме за последиците по државата.
Идејата за “НОВ ПРЕМИЕР” – пред секои избори на претставници во Собранието на Р.Македонија, на прв поглед, може и да биде прифатлива како некоја “новина” во рамките на парламентарниот изборен процес. Меѓутоа, реално гледано, тоа воопошто не претставува некаква суштинска “потреба” во државата, и покрај тоа, што, во нашата “развојна демократија”, многу од демократските принципи сеуште “чекаат на усвојување”.
Нивото на избирачката свест кај граѓаните е на солидно ниво, манифестирано скоро на сите избори досега. Свесни за правото /демократско/ на слободно изразување на изборната волја, за неприкосновеноста на нивниот глас даден за време на изборите. Ниту една манипулација не може суштински да влијае на тоа.
Република Македонија (не по волја на мнозинството граѓани) ќе има “нов претседател на Владата” пред претсојните избори, предложен од партијата со најголем број пратеници во парламентот – ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше најголемата желба на опозицијата; важно им беше, да не е Никола Груевски! Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Тие знаат зошто го сакаа (и го добија?!) тоа. Но, и опозицијата, и директниот креатор на ваквото “решение” (кој и да е изумителот), знаат дека тоа не е идеја/постапка заради подобрување на демократските изборни процедури во државата! Проблем за нив е политичката и секаква друга “специфична тежина” на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Силната верба што народот ја има во личноста на Никола Груевски. Во неговиот минат труд, во неговото целосно (невообчаено за политичар/лидер кај нас) ангажирање за градење на државата и општеството; човекот со признаена “вркохоличност”. (Oва е реалност, не обично вербално воспевање на личност).
Среќа и благодат за еден народ è да има водач на кој државата му е при срце, искрено, и ентузијастички посветен на нејзиниот напредок; лидер – со carte blanche /бланко-потпис/ од народот; за доверба. Никола Груевски, неприкосновено ја поседува. СДСМ /опозицијата/ го знае тоа, и затоа, направи сè, за воведување на апсурдната опција – “нов Премиер” пред парламентарните избори…
Македонија ќе има “нов” Премиер пред изборите во април! Ама, без очекуваниот ефект на кој се надеваат опозиционерите. Груевски се препознава во секое ново училиште, градинка, спортски објект; студентски дом, научна лабораторија; пат, автопат /што се гради/; во новите домашни или странски фабрики – во сè што е создадено, креирано последнава деценија. Груевски е присутен насекаде… во државата. Се препознава и во Извештајот на Светска банка за напредокот на Македонија… препознаен и /надвор од границите на државата/ од инвеститорите како сериозен партнер…
Оттаму, и да е, и да не е актуелен Премиер во предизборниот период, очекувано е, г. Никола Груевски да биде фаворитот/победникот на изборите идниот април. Заради сè она што тој претставува на политичката сцена во Македонија, заради стилот на неговата работа и однос кон народот…заради реализациите…
Стилот на Груевски во Македонија ја “уби” надежта на политичарите кои, преку флоскули и многу лажни ветувања приемчиви за аудитивниот апарат на избирачите, очекуваат политичка добит (власт во државата). Тоа веќе не поминува. Не “поминуваат” лидерите-макијавелисти желни за власт, а неспособни да ја практикуваат државнички… тие се самоелиминираат…
На Република Македонија, не ѝ треба Нов Премиер, во кое било предизборие!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.