| четврток, 6 декември 2018 |

Петар Темелковски: Уметникот и уметноста треба постојано да бидат ангажира­ни

Во ‘70-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век бе­ше ерес да се го­во­ри за Сан­дан­ски, за Го­це Дел­чев и за на­ши­те во­ста­ни­ја, и тоа мо­же­би ме пре­диз­ви­ка умет­нич­ки да ги пре­то­чам во сцен­ски ли­ко­ви и да ги при­ка­жам пред по­ши­ро­ка­та пуб­ли­ка, ов­де и во странс­тво, ве­ли Те­мел­ков­ски

Име­то на Пе­тар Те­мел­ков­ски (1946) во ма­ке­дон­ски­от те­а­тар е асо­ци­ја­ци­ја на акте­рот што ги има оди­гра­но нај­го­ле­ми­те и најз­на­чај­ни­те уло­ги во свет­ска­та дра­ма­тур­ги­ја. Три­го­рин во „Га­леб“ од Че­хов, По­цо­во во „Че­кај­ќи го Го­до“ од Бе­кет, Бе­ран­же­во во „Но­со­рог“ од Јо­не­ско, Едип во „Цар Едип“ од Со­фок­ле, итн. Тој е еден од нај­на­гра­ду­ва­ни­те акте­ри во Ма­ке­до­ни­ја со пре­стиж­ни­те на­гра­ди „Сте­риј­на на­гра­да“, „Ло­во­ров ве­нец“, „13 но­ем­ври“, „Ри­сто Ши­шков“ , „Вој­дан Чер­но­дрин­ски“ ка­ко и три­те нај­ви­со­ки др­жав­ни на­гра­ди „23 Октом­ври“, „11 Октом­ври“ и „Све­ти Кли­мент Охрид­ски“. Ка­ра­кте­ри­стич­но за Те­мел­ков­ски е не­го­ва­та сил­на ин­ди­ви­ду­ал­ност и не­го­ва­та не­при­кос­но­ве­ност во од­бра­на на ма­ке­дон­ски­от бит, ма­ке­дон­ски­от ли­те­ра­ту­рен збор, ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја и сè што е вр­за­но за Ма­ке­до­ни­ја. Ток­му не­го­ва­та по­све­те­ност на те­ми­те вр­за­ни за та­тко­ви­на­та го втур­ну­ва­ат во ед­на од нај­те­шки­те те­а­тар­ски фор­ми, мо­но­дра­ма­та, за да ги по­ну­ди сво­и­те ста­во­ви, пре­ку те­ми­те што са­ми­от ги из­би­ра, на не­го­ва­та са­ка­на пуб­ли­ка ши­рум све­тот.

 

Petar temelkovski (6) (Custom)

Да­ли се се­ќа­ва­те на Ва­ша­та пр­ва прет­ста­ва, на воз­бу­да­та со ко­ја ја ра­бо­те­вте и да­ли де­нес, по тол­ку го­ди­ни, е не­што сме­не­то?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКИ: Есен­та во 1972 го­ди­на ја оди­грав пр­ва­та уло­га на сце­на­та на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар (МНТ). Тоа бе­ше прет­ста­ва­та „Жи­во­тот на Га­ли­леј“ од Бер­толд Брехт. Та­му има две глав­ни уло­ги – Га­ли­ле­јо Га­ли­леј и Ан­дреа Сар­ти. Или­ја Мил­чин го тол­ку­ва­ше Га­ли­леј, јас ли­кот на Сар­ти. Тоа ми бе­ше пр­ва­та уло­га. Воз­бу­да­та бе­ше пре­го­ле­ма, пр­во за­тоа што Мил­чин бе­ше ед­на мар­кант­на фи­гу­ра во ма­ке­дон­ски­от те­а­тар, ре­жи­ра­ше еден од­ли­чен ре­жи­сер, Бран­ко Ста­врев, и це­ла­та со­ра­бо­тка бе­ше не­за­бо­рав­на за ме­не. На не­кој на­чин го про­дол­жив мо­е­то обра­зо­ва­ние со та­кви врв­ни умет­ни­ци кои те­а­та­рот го раз­би­ра­ат и го пра­кти­ку­ва­ат ка­ко на­чин на жи­ве­е­ње во те­кот на це­ли­от свој жи­вот.

 

Не­о­дам­на, на ма­ла­та сце­на на Драм­ски те­а­тар во Скоп­је, пре­ми­ер­но бе­ше из­ве­де­на ва­ша­та мо­но­дра­ма­та „Ја­не Сан­дан­ски 100 го­ди­ни пос­ле“. Из­ја­ви­вте де­ка од си­те ва­ши до­се­гаш­ни мо­но­дра­ми за Вап­ца­ров, Ра­цин, Ју­сти­ни­јан, Фи­лип Вто­ри, ли­кот на Сан­дан­ски Ви оста­вил нај­го­лем впе­ча­ток. Зо­што?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКИ: По Фи­лип Вто­ри, ли­кот на Сан­дан­ски ми оста­ви нај­го­лем впе­ча­ток, за­тоа што Ја­не Сан­дан­ски е ед­на огром­на лич­ност од на­ша­та исто­ри­ја. Ко­га збо­ру­вам за вој­во­ди­те, збо­ру­вам за лич­но­сти­те што беа на пр­ва­та ли­ни­ја на од­бра­на­та на ма­ке­дон­ско­то на­ци­о­нал­но и ре­во­лу­ци­о­нер­но де­ло, но Сан­дан­ски на не­кој на­чин не е са­мо мар­кант­на, ту­ку и нај­тра­гич­на­та фи­гу­ра. Единс­тве­но тој од тие зна­чај­ни лич­но­сти ја до­жи­веа по­дел­ба­та на Ма­ке­до­ни­ја. Ма­ке­до­ни­ја е по­де­ле­на на 10 август 1913, а Ја­не е уби­ен на 18 април 1915 го­ди­на. Тој ја има до­жи­ве­а­но по­дел­ба­та на Ма­ке­до­ни­ја и мо­же да си за­мис­ли­те, ед­на та­ква лич­ност, кој од на­ро­дот е на­ре­чен „Пи­рин­ски цар“, имал 10-12 ил­ја­ди бор­ци, ло­јал­ни бор­ци и кој имал го­ле­ми и не­прег­лед­ни со­ни­шта за сло­бо­да­та на Ма­ке­до­ни­ја, одед­наш се на­шол во еден без­воз­ду­шен и бе­сте­ле­сен на­ци­о­на­лен про­стор. Зем­ја­та му е по­де­ле­на. Тој за­тоа и во прос­ла­ва­та на го­диш­ни­на­та од по­дел­ба­та на Ма­ке­до­ни­ја оти­шол со 1.800 ко­ми­ти во Со­лун и во здра­ви­ца­та из­ви­кал „пи­јам за сло­бод­на, обе­ди­не­та, не­за­вис­на и сил­на ма­ке­дон­ска др­жа­ва“. То­гаш офи­це­ри­те ги из­ва­ди­ле саб­ји­те и ге­не­ра­лот им ре­кол: „За­ста­не­те! Пог­лед­не­те над­вор кол­ку лу­ѓе има“. Тој на не­кој на­чин е еден од ре­тки­те лич­но­сти, по­крај со­лун­ски­те атен­та­то­ри, кои ги сме­там за ико­ни на Ма­ке­до­ни­ја. Сан­дан­ски, исто ка­ко и нив, е еден од ре­тки­те, не са­мо во Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку и во це­ла­та свет­ска исто­ри­ја, ко­га се ра­бо­ти за на­ци­о­нал­но­то ос­ло­бо­ду­ва­ње на сво­ја­та зем­ја и на сво­јот на­род, кој ја пре­зрел ду­ри и опас­но­ста од смрт­та. Сан­дан­ски имал до­ја­ва од не­го­ви бли­ски, ка­ко Ѓор­че Пе­тров, Пе­тар Поп Ар­сов де­ка не­го­ва­та мар­шру­та кон Не­вро­коп, ка­де што трг­нал, ве­ќе би­ла об­ја­ве­на во вр­хо­ви­стич­ки­те кру­го­ви и мо­же да му по­ста­ват за­се­да и да би­де ли­кви­ди­ран. И по­крај се­то тоа тој трг­нал. Мо­но­дра­ма­та ја за­вр­шив со ед­на па­ра­бо­лич­на ме­та­фо­ра. Сан­дан­ски, на со­бра­ни­те лу­ѓе им ве­ли: „Уште ги не­ма. Ќе ги че­кам ту­ка. Не ги че­кам нив, го че­кам кур­шу­мот. Кур­шу­мот ми е кај нив“. Зна­чи Сан­дан­ски го по­са­ку­вал сво­јот фи­зич­ки крај, би­деј­ќи ве­ќе не­мал иде­а­ли.

 

Petar temelkovski (9) (Custom)

Kа­ра­кте­ри­стич­но за Те­мел­ков­ски е не­го­ва­та сил­на ин­ди­ви­ду­ал­ност и не­го­ва­та не­при­кос­но­ве­ност во од­бра­на на ма­ке­дон­ски­от бит

 

Зо­што мо­но­дра­ми­те ви се пре­диз­вик?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКИ: Ако не­кој пред 30 го­ди­ни ми ре­че­ше де­ка ќе пра­вам мо­но­дра­ми, ќе се нас­ме­ев. Јас сум умет­нич­ки ур­бан тип. Са­кам на сце­на­та да играм со мно­гу парт­не­ри. Са­кам да има еп­ски прет­ста­ви. Но, ко­га ги про­чи­тав би­о­гра­фи­и­те на на­ши­те го­ле­ми лич­но­сти ка­ко Вап­ца­ров, Ра­цин, Ју­сти­ни­јан Пр­ви, Фи­лип Вто­ри, Сан­дан­ски… си ре­ков де­ка мо­же­би е до­бро и мо­же­би тре­ба да од­во­јам еден дел од сво­јот умет­нич­ки жи­вот за да ги на­пра­вам овие про­е­кти и пре­ку сцен­ски­те из­вед­би да се афир­ми­ра на­ше­то на­ци­о­нал­но, кул­тур­но и ре­во­лу­ци­о­нер­но дви­же­ње, би­деј­ќи на нив­ни­те ко­ски, на нив­на­та транс­фу­зи­ја се соз­да­ла др­жа­ва­та. Де­нес има па­ра­до­ксал­ни по­ја­ви, во не­кои ам­ба­са­ди во Ма­ке­до­ни­ја не­кој ам­ба­са­дор ор­га­ни­зи­рал кр­во­да­ри­телс­тво. Ќе се боц­нат пред ка­ме­ри­те. Пр­во ќе про­ле­ат 2.000 то­ни крв во раз­лич­ни де­ло­ви во све­тот, а по­тоа пред ка­ме­ри ќе да­ва­ат по 20-30 гра­ма крв. На­ши­те на­ци­о­нал­ни ико­ни, на­ши­те хе­рои, ја да­доа це­ла­та сво­ја крв. Нив ги до­жи­ву­вам ка­ко лу­ѓе кои ја из­вр­ши­ле нај­го­ле­ма­та транс­фу­зи­ја за сво­ја­та зем­ја. Це­ла­та крв ја по­све­ти­ле на сво­ја­та зем­ја, на сво­јот на­род. Тие мо­ти­ви мо­же­би ме прив­ле­коа, тој гнев, ре­волт. Во 70-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век бе­ше ерес да се го­во­ри за Сан­дан­ски, за Го­це Дел­чев, за на­ши­те во­ста­ни­ја и тоа мо­же­би ме пре­диз­ви­ка умет­нич­ки да ги пре­то­чам во сцен­ски ли­ко­ви и да ги при­ка­жам пред по­ши­ро­ка­та пуб­ли­ка, ов­де и во странс­тво.

 

По­ве­ќе го­ди­ни сте умет­нич­ки ди­ре­ктор на најз­на­чај­ни­от те­а­тар­ски фе­сти­вал во Ма­ке­до­ни­ја, „Вој­дан Чер­но­дрин­ски“. Во до­бар пра­вец ли се дви­жи те­а­та­рот во Ма­ке­до­ни­ја?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКИ: Те­а­та­рот во Ма­ке­до­ни­ја од го­ди­на во го­ди­на оди во на­гор­на ли­ни­ја, ка­ко од кван­ти­та­ти­вен, та­ка и од ква­ли­та­ти­вен ас­пект. За раз­ли­ка од вре­ме­то ко­га ед­на ге­не­ра­ци­ја се вра­тив­ме во Скоп­је, би­деј­ќи ние сту­ди­рав­ме во странс­тво, те­а­та­рот се­га е на мно­гу за­вид­но ни­во и тоа во по­ши­ро­ки рам­ки.

 

Petar temelkovski (1) (Custom)

Лу­до­ста на умет­ни­ци­те е опе­а­на и во по­е­зи­ја и во про­за

 

Да­ли умет­но­ста и умет­ни­кот тре­ба да би­дат ан­га­жи­ра­ни?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКИ: По­сто­ја­но тре­ба да би­дат ан­га­жи­ра­ни, од на па­зар до го­ле­ми­те ос­тва­ру­ва­ња.

 

Ка­ко е де­нес да се би­де актер во Ма­ке­до­ни­ја?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКИ: Не знам ка­ко ќе проз­ву­чи ова, но мо­рам да го ка­жам. Ние бев­ме по­ни­же­ни. Јас и дру­ги­те пр­вен­ци на те­а­три­те до 2006 го­ди­на имав­ме пла­та не­це­ли 19 ил­ја­ди де­на­ри. Кон кра­јот на 2006 го­ди­на ко­га дој­де на че­ло Вла­да­та ко­ја и де­нес ја пред­во­ди Ма­ке­до­ни­ја, во огро­мен про­цент ни се зго­ле­ми­ја пла­ти­те. Мо­ја­та пла­та ста­на 43.000 де­на­ри. Пред да вле­зам во пен­зи­ја имав 47.000 де­на­ри. Овие не ми се су­штес­тве­ни би­деј­ќи спа­ѓам во ви­дот умет­ни­ци на кои ма­те­ри­јал­ни­те до­бра им се зна­чај­ни, но не и пре­суд­ни за иде­ја­та. Но, сме­там де­ка е чес­но да го ка­жам ова. Со до­а­ѓа­ње­то на но­ва­та вла­да ние се по­чув­ству­вав­ме по­бе­до­нос­но.

 

Да­ли лу­ди­ло­то е бла­гос­лов во те­а­тар­ски­от за­на­ет?

ТЕ­МЕЛ­КОВ­СКИ: Лу­ди­ло­то е бла­гос­лов, се­ка­ко. Но, ко­га ве­лам лу­ди­ло, не мис­лам на бу­да­ли лу­ѓе. Лу­ди­ло­то е и об­вр­ска, тоа е со­ста­вен дел на те­а­тар­ски­от за­на­ет. Уште Ма­ксим Гор­ки има на­пи­ша­но „на лу­до­ста од хра­бри­те ние ѝ пе­е­ме пес­на“. Зна­чи лу­до­ста на умет­ни­ци­те е опе­а­на и во по­е­зи­ја и во про­за.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top