| четврток, 6 декември 2018 |

Воз удри човек во Велес

veles

фото Дума

Во велешката населба Превалец воз удри човек. Седумдесет и три годишниот Атанас Димовски настрада кога поминувал преку железничкиот премин на пругата , во центарот на населбата, кој има звучна сигнализација но четири месеци е без рампи. Во Димовски удрил возот што сообраќал од Скопје за Битола – објави Дума.

Старецот веднаш бил префрлен во велешката болница каде е констатирана тешка повреда на главата која била загрозувачка по неговиот живот.

Околу 18:30 часот на хируршкото одделение во Велес е донесен повреден повреден маж на седумдесет години. Повредата се состои од повреди на главата. Поради сериозноста на повредите пациентот е префрлен во Ургентниот хирушки центар во Скопје,“ рече Прим. д-р Филип Тодоровски специјалист по трауматологија.

Стравичната несреќа има очевидци. Прв помош на Димовски му дал Мухамет Ајдерпашиќ кој го запрел автомобилот пред пругата и истрчал на местото на несреќата.

„Го држев во раце човекот, целиот беше облеан во крв, го миев со вода се обидував да го одржам во живот додека не стигна брзата помош. Страшно се потресов но морав да му помогнам. Оваа состојба е жива катастрофа, не само овој премин јас сум од Горно Оризари значи и таму минеме преку отворена пруга, потоа пред и после Порцеланка значи на четири отворени премини и нигде рампи. Знаете ли колку луѓе минат секојдневно. Вкупно 20 илјади од Велес до Чашка, Богомила, Јасеново и сите тие по неколку пати минат на среќа преку оваа битолска пруга,“ рече Ајдарпашиќ.

„Човекот се вика Атанас Димовски и живее тука до пругата. Оди со бастумче а имаше и излив па тешко се движи. Мора да го решиме ова вака не бива веќе,“ рече жител на Превалец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top