| четврток, 6 декември 2018 |

Атрактивните мерки за вработување даваат резултати

saem za vrabotuvanjeНевработените лица и компаниите кои имаат потреба од работна сила на едно место ќе се сретнат на Саемот за вработување кој ќе се одржи на трети декември со салата Борис Трајковски од 11 до 14 часот. Ова е осмиот и воедно последниот Саем за вработување за годинава кој ќе се одржи во Скопје, објави Лидер.

Од Агенцијата за вработување велат дека Саемот е наменет за компаниите и за невработените лица, како од Скопје, така и од останатите заинтересирани лица од внатрешноста. Очекувањата на Агенцијата за вработувања се на Саемот да учествуваат голем број компании кои годинава се најавиле во поголем број во однос на минатата година.

-Очекуваме голем број компании да учествуваат, лани поминавме успешно, а оваа година очекуваме поголем број компании и очекуваме поголем број реализирани вработувања. Сите работодавачи од лани беа задоволни и затоа оваа година повторно изјавија дека ќе учествуваат, а се пријавија и нови компании кои дел се од странските инвеститори , а дел се домашните компании. Оваа година исто како и лани се одржуваат осум саеми, седум веќе поминаа низ градовите во државата , последниот е во Скопје- посочуваат од Агенцијата.

За резултатите од оваа година ќе се знае откако ќе се изготви целокупната анализа по овој саем.

-Лани имавме над 5600 поднесени апликации од невработени лица, а 30 проценти беа вработени од компаниите. Во Скопје минатата година имавме 86 компании кои што учествуваа. Тоа се одлични резултати и можност на едно место работодавачите да се сретнат со невработените лица и невработените лица директно да аплицираат за конкретно работно место- ја пренесе Лидер Слободанка Алексовска, од Центар за вработување на град Скопје.

Таа оценува дека „Македонија вработува“ е еден од поуспешните проекти. За кратко време над 9400 лица се вработени, што само по себе кажува дека резултатите се позитивни, на работодавачи им одговара мерката затоа што им носи материјална заштеда, а додека пак невработените лица си добиваат работно место.

– Атрактивноста на мерката зависи од дејноста или од моменталната потреба. Има мерки со кој се купува одредена опрема, тоа е финансиска поддршка во вид на грантови, имаме мерки со кои се подржуваат различни видови на субвенционирани вработувања, тоа се парични износ по бруто месечна плата ,има практиканство и обука, евтини кредитни линии. Резултатите се големи, сите мерки се користат во зависност од тоа што бараат работодавачите- вели Алексовска.

Мерките за вработување ќе продолжат и следната година. За следната година е усвоен Оперативниот план за вработување. Со претходна анализа на пазарот на труд и во овој Оперативен план се опфатени дел од ланскиот мерки, некој се изменети, некои се исти, а имаме и нови и до март идната година ќе се применува проектот Македонија вработува, информираат од Агенцијата за вработување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top