Доколку се потврдат медиумските шпекулации нашата Калиопи и Јелена Карлеуша ќе си ги одмерат силите на Евровизиската сцена во Стокхолм 2016.
Јелена Карлеуша пред 11 години се обиде на изборот за песна за Евровизија во Србија ни немаше среќа па на големото музичко натпреварување замина Жељко Јоксимовиќ со песната „Лане моје“.
Дел од медиумите во Србија шпекулираат дека деновиве повторно се разгледува идејата атрактивната ЈК која од неодамна го промовира садо мазо стилот да ја преставува Србија на ова музичко натпреварување. Јелена наводно се уште не добила официјална покана од јавниот сервис во Србија но како што стојат работите тоа ќесе случи во следните два месеци.
Дали овој пат ќе се договорат ќе се знае најкасно до февруари , кога Србија мора да го избере својот претставник за таа година.
Доколку ЈК биде избрана за претставник на Србија таа ќе и биде директна конкуренција нашата Калиопи (повеќе детали за македонската претставничка прочитајте тука).
Во последно време Карлеуша ги полни страниците со фотографии на кои е во садо мазо издание , а доколку се случи да се најде на евровизиската сцена следниве костуми ќе бидат само увертира на тоа што ќе го видиме од неа:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.