| четврток, 6 декември 2018 |

Сите членки на НАТО не се зад Турција поради соборениот руски авион

Заменикот на германската канцеларка, Ангела Меркел, Сигмар Габриел, изјавил дека на Блискиот исток постоеи само еден непредвидлив актер, а тоа не е Русија, туку Турција.

-Овој инцидент покажува, врз темел на изјавите кои пристигнуваат од другите земји од регионот, дека во овој регион постои непредвидлив актер, а тоа е Турција, а не Русија, изјавил Сигмар Габриел во разговор за германскиот весник “Der Spiegel”.

Тој појаснил дека Турција игра „тешка улога“ во сирискиот конфликт, а се поголем број на високи европски функционери за инцидентот кој се случи во вторникот ја обвинуваат Турција.

Од друга страна пак многумина ја посочуваат Турција како најголем купувач на нафтата на џихадистите од Исламска држава, што би требало да значи дека најголемите приходи на озлогласената ИСИС доаѓаат токму од Турција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top