| четврток, 6 декември 2018 |

Осум лица загинаа во пад на хеликоптер во Сибир

хели

Најмалку осум лица загинаа во пад на хеликоптер Ми­8 на подрачјето на Краснојарск во источен Сибир, додека 17 преживеаја, соопштија локалните власти.

­ Во хеликоптерот се наоѓаа 22 патници и тројца членови на екипажот. Според прелиминарните податоци, осум лица загинаа, додека другите се повредени, изјави претставник на локалната полиција, јави ТАСС. Хеликоптерот паднал на тешко достапен терен, е леталото е речиси целосно уништено. Во тек е евакуација на повредените со помош на специјални возила за снег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top